Четири пожари изминатото деноноќие во кумановско

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари интервенирале на четири пожари во општините Куманово и Липково, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Loading...

Сува трева и стрниште гореле во липковското село Ваксинце, пожарникарите интервенирале два часа од 19:30 до 21:20 часот. Претходно гаселе пожар, исто така во липковско на потегот од село Отља кон село Матејче.

Во текот на денот, пожарникарите гаселе пожар на улицата „Доне Божинов” во Куманово и во населбата „Перо Чичо” во близина на репетитори на сува трева во претпладневните часови. На сите пожари дејствувала по една екипа со по едно противпожарно возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Ноќеска се менува часовникот!

МИА