Четири пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции во изминатите 24 часа бележат кумановските пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запалена сува трева и смет во населбата Перо Чичо, каде интервенирале двајца пожарникари во период од 11:50 до 12:25 часот.

Сува трева горела и на улицата „Иво Лола Рибар“, каде половина час интервенирале двајца вработени од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Во период од 15:50 до 16:35 часот пожар избувнал во атарот на селото Романовце, поточно кај месноста викано „Мавровски бараки“. Четворицата пожарникари успешно го локализирале огнот.

Последната интрвенција е регистрирана во населбата Бедиње, поточно во кругот на касарната „Христијан Карпош“, каде исто така горела сува трева. Четворицата пожарникари интервенирале од 15:45 до 16:25 часот.

Leave a Reply