Четири литри дожд на метар квадратен наврнаа во изминатите 24 часа на територијата на Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што информираат оттаму, најмногу дожд изминатото деноноќие имало на територијата на Скопје 11 литри.
Врнежливо ќе биде времето и во текот на денешниот ден
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со променлив правец. Локално врнежите ќе имаат пообилен карактер.
Во текот на денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Утре ќе преовладува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.
Од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и почетокот на идната седмица.
Никола Ивановски