Четири лица загинаа во падот на американски воен авион

Сподели со своите пријатели

Американски воен авион се урна во северна Норвешка, а полицијата соопшти дека загинале сите четворица членови на екипажот.

Авионот V-22 Osprey бил вклучен во воената вежба на НАТО наречена „Cold Response“ кога било пријавено неговото исчезнување, соопшти Заедничкиот координативен центар за спасување (JRCC), пренесе Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

 

Во регионот на Луганск се отвора хуманитарен коридор

 

Лоши временски услови

Авионот му припаѓа на американскиот марински корпус.

Во пресрет на слетувањето временските услови во зоната за вежбање биле лоши и дополнително се влошувале.

„Го најдовме откако го добивме сигналот за брзата помош“, изјави портпаролот на JRCC.

 

Русија тврди дека користела хиперсонично оружје во Украина