Четири лица уапсени поради несреќата во Грција

Сподели со своите пријатели

Грчките власти уапсија четири лица во врска со кобниот судир, а истрагата сѐ уште е во тек, јавуваат грчките медиуми.

Loading...

Претседателот на Панхеленската железничка федерација, Јанис Диткас, рече дека верува оти несреќата се должи на човечка грешка.

Дицас истакна дека единствена утеха е што судирот не се случил внатре во тунелите кои биле во близина.

„Колку и да изгледа чудно, ова е грешка. Направено е нешто што властите ќе го истражат, но направена е грешка“, рече тој и истакна дека и самиот има 40-годишно искуство и не може да каже дали грешката е направена на земја или во воз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Дикас објасни дека секој воз ја напушта станицата под одговорност на управителот на станицата.

Одговарајќи на прашањето зошто меѓу уапсените има и бравар, заедно со началникот на станицата, тој рече дека „наредбите се даваат од канцеларијата на станицата, а потребните измени се прават електрично“.

Тој додава дека останува да се открие зошто двата воза биле на иста пруга, односно патничкиот воз бил на нагорна линија, а не на опаѓачка и како машиновозачот тоа можел да го воочи, но не бил во позиција да знае дали доаѓа друг воз.

Како што вели, сите разговори со шефот на станицата се снимаат, а машиновозачот ги исполнува наредбите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Во сударот на брз патнички и товарен воз загинаа 36 лица, а 66 се повредени. Бројот на жртви би можел да биде поголем бидејќи повеќе луѓе се водат како исчезнати.