Четири лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На  08.02.2021 година во 15.55 часот  на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка  во  атар на село Псача, општина Ранковце се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П.(28) од село Узем, кривопаланечко и патничко моторно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(24) од селоРанковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген “ Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од село Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од село Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.

Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

Никола Ивановски

Leave a Reply