Четири лица се повредени, од кои едно потешко, откако „БМВ“ вчера излетало од патот меѓу селата Липково и Арачиново.
– На 26.10.2025 околу 11:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Арачиново, во атар на с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.С.(29) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.С.(37), Х.С.(35) и осумгодишен малолетник, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

