Четири куќи изгореа во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири кумановски семејства викендов минале низ голгота, откако пожар им пеплоса се што со години граделе. Четири куќи изгореа во пожар вчера во текот на ноќта околу 2 часот во местото викано „Ново Куманово“.

Loading...

– По излегување на местото на настанот од полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Куманово било утврдено дека станува збор за четири куќи, сопственост на Т.И., Р.А., Ј.И. и В.А., информриаат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply