Четири контејнери запалени вчера низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Три помали пожари изгаснале вчера пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првиот пожар бил на три запалени контејнери и една напуштена гаража под пругата на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, односно м.в. Бавчи.

Тројца пожарникари го гаснеле огнот со едно противпожарно возило во период од 08:50 до 09:30 часот.

Во селото Горно Којнаре исто така бил запален контејнер. Таму во период од 13:00 до 13:45 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во атарот на селото Романовце пак било запалено ѓубре. Во период од 16:15 до 17:10 часот, интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Чест и гордост е да се служи во АРМ, нека ви е вековит денот

Во моментов нема активни пожари.