Четири калуѓерки киднапирани во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи киднапирале четири католички калуѓерки на автопат во североисточната држава Имо во Нигерија, соопшти локалниот манастир.

Loading...

Генералниот секретар на црковната организација „Сестрите на Исус“, Зита Ихедоро, рече дека тие биле киднапирани додека патувале од државата Риверс во Имо на миса за благодарност.

„Интензивно се молиме за нивно брзо и безбедно ослободување“, рече Идехоро.

На северозапад, нигериската војска започна воздушна офанзива за елиминирање на вооружените групи одговорни за киднапирање граѓани од селата и градовите во регионот.

Вооружени банди киднапираа луѓе, вклучително и свештеници, и бараа откуп од селаните, а киднапирањата на автопат во северозападниот дел на земјата станаа практика која се прошири и во остатокот од земјата.