Четири интервенции на пожарникарите во Куманово, една во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции во изминатото деноноќие имале пожарникарите во Куманово, додека една имале нивните колеги во Општина Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на улицата „Доне Божинов“ се запалил оџак. Интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Во атарот на селото Черкезе избувнал пожар во штала. Двајца пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во период од 09:25 до 11:00 часот. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

На улицата „Доне Божинов“ бил запален и контејнер при што пожарникарите интервенирале во период пд 12:30 до 13:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Момче од Куманово загина откако со мотор удрил во бетонски столб

Кај локалитетот „Туш“ горел запален смет. Интервенирале пожарникарите на ТППЕ Куманово во период од 13:50 до 14:15 часот.

Во Општина Старо Нагоричане двајца пожарникари гаснеле запалена сува трева во м.в. Бела грамада во период од 13:20 до 15:10 часот.

Во моментот нема активни пожари.

Никола Ивановски

Loading...