Четири хектари шума изгореа во липковско

Сподели со своите пријатели

Четири хектари сува трева и нискостеблести растенија вчера изгореле во атарот на селото Виштица, општина Липково, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во 14:35 часот започнала интервенција на тројца пожарникари од ТППЕ Куманово, а во гаснењето учествувале и петмина вработени во Македонски шуми.

– Поради непристапен терен и заради лошата конфигурација на теренот, гаснењето беше отежнато и се вршеше со напртњачи, информираат од РЦУК.

Пожарот бил еше локализитан во 18:00 часот, а завршен околу 19:00 часот.

Екипите се вратике во своите единици во 19,45 часот.

Причината з аизбувнување на пожарот останува непозната.

Никола Ивановски