Руските сили за воздушна одбрана соборија четири дронови на пат кон Москва, објави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
„Силите за воздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија четири дронови што летаа кон Москва. Службите за итни случаи работат на местото на несреќата“, објави Собјанин на социјалните мрежи, пренесува РИА Новости.
Уште 15 дронови беа соборени во Московскиот регион синоќа.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека системите за воздушна одбрана уништиле 69 дронови над 10 руски региони и Црното и Азовското Море во текот на ноќта.