Четири часа голем број превозници на камиони утринава се заглавени во меѓузоната на Граничниот премин Табановце. Реагираат дека не функционира терминалот на царината бидејќи истиот бил неисчистен од снегот и мразот.
Дури по четири часа ситуацијата започнала да се помера од мртва точка, вели еден од заглавените камионџии, кој додава дека поради застојот е направена голема колона од камиони кои ја минале спрската страна од границата и на минусни температури чекаат да ги завршат формалностите на царинскиот терминал Табановце за да можат да продолжат со транспортот на стоката.


