Често пиете пиво? Внимавајте, може да ви го загрози имунитетот!

Сподели со своите пријатели

Пивото го уништува имунитетот и го зголемува ризикот од дијабетес, па дури и од рак, велат експертите.

Loading...

Ако често пиете пиво, веројатно ви се допаѓа вкусот, а „симптомите“ после тоа не се проблематични.

Но, дали знаевте дека пивото има штетно влијание врз цревата што можеби нема да го забележите веднаш, но долгорочно ќе создаде голем проблем? Дури влијае на имунитетот!

 

 

Пивото главно се состои од јагленихидрати, додека содржи занемарливо малку протеини, масти и влакна.

Алкохолот може да доведе до воспалителни процеси во дигестивниот систем со негативно влијание на микробиомот, добрите и лошите бактерии кои живеат во нашето тело и чиј број и различност секогаш треба да бидат во рамнотежа за да бидат здрави.

Loading...

Меѓутоа, кога пиете алкохолен пијалак како пиво, тој го стимулира растот на бактериите и оваа рамнотежа е нарушена, поради што започнуваат воспалителни процеси во цревата.

 

 

И тоа не е се! Внатрешниот ѕид на цревата, кој е бариера за ослободување на хранливи материи во крвотокот, и задржувањето на токсините, ослабнува поради алкохолот и станува пропустлив. Сите лоши работи кои на тој начин ги внесуваме во себе побрзо се шират низ организмот.

Една студија објавена во списанието „Diabetes Medicine“ покажа дека мажите, кои сигурно се изложени на поголем ризик од дијабетес отколку жените, се под дополнителен ризик доколку пијат пиво.

Истражувањето објавено во „Carcinogen Report“ покажало дека луѓето кои пијат пиво имаат зголемен ризик од рак на црниот дроб и дојката.

 

Loading...

 

Студијата објавена во 2018 година во публикацијата „Алкохолизам: клиничко и експериментално истражување“ покажа дека луѓето кои пијат два алкохолни пијалаци четири или повеќе пати неделно се изложени на 20 отсто поголем ризик од прерана смрт.