Општинската организација на Социјла Демократски Сојуз Куманово на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден.
Илинден го паметиме како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста.
Денес одбележуваме 114 години од Илинденското востание и 73 години од АСНОМ, темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Македонија.Овој ден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата, овојпат тоа е борбата за напредок на татковината во секој поглед – стои во честитката од партијата.
