Честитка од министерот Шаќири по повод завршување на учебната година

Сподели со своите пријатели

Денес завршува учебната 2021-2022 година. И оваа, како и претходната беше полна со предизвици, но искуството од минатото нé научи како останеме обединети и како полесно да ги надминуваме ситуациите кои повеќе не можат да нé изненадат.

Loading...

Сите ние, институциите на системот, наставниот кадар, учениците, родителите и старателите, бевме на висина на своите задачи.

Успеавме да победиме при најтешкото соочување, тоа со пандемијата која овој пат не дозволивме да го забави воспитно – образовниот процес и правилниот развој на генерациите.  Напротив, дури и во вонредни околности со забрзано темпо го продолживме реформирањето на образовниот систем, а за тоа искрено сум благодарен на мотивираноста на наставниците, но и на желбата на учениците за подобро утре. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија утре против Словенија на Младинската Олимпијада

Продолживме со вложувања во образовната инфраструктура, во изградба и опремување на нови училишта и спортски сали и во реконструкција на постојните објекти. Продолжуваме и со изработка на нови наставни програми и учебници. Се договоривме со наставниците од септември да добијат повисоки плати за 15%, а изработивме и понудивме низа нови законски решенија со кои наставниците и учениците добиваат нови права и бенефиции и за нив треба да одлучуваат пратениците во Собранието. Го забрзавме процесот на дигитализацијата и тоа и натаму ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Се мобилизиравме и успеавме да го организираме полагањето на државната матура. Го започнавме првото државно тестирање чија цел е преку резултатите од учењето да ги увидиме слабостите на образовниот систем на кои во иднина ќе се посветиме. Учествувавме во меѓународното ПИСА тестирање за да увидиме дали и колкав јаз постои во знаењата на нашите ученици и нивните врсници од други земји, а спроведовме и пробно ТИМСС тестирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија утре против Словенија на Младинската Олимпијада

Упатувам честитки за стекнатото знаење и постигнатите успеси до сите учениците и нивните семејства! Им се заблагодарувам за максималната посветеност и добро завршена работа на сите наставници, стручните служби и други вработени во основните и средните училишта!

На учениците кои се запишуваат во средно или на факултет, им посакувам да успеат во тоа таму каде што посакуваат, а потоа и тие како и сите други добро да се одморат и подготват за ново поглавје од животот. Ние, раководствата и вработените во МОН, во другите образовни институции и установите ќе продолжиме да работиме. Темпото кое го наметнавме, нема да дозволиме да спласне. Мораме добро да се спремиме за идната учебна година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија утре против Словенија на Младинската Олимпијада

Од септември продолжуваме со заедно. Само обединети сили даваат повидливи резултати!

Бидете живи и здрави!

Loading...