Припадниците на исламската вероисповед денеска го празнуваат големиот празник Курбан Бајрам, а по тој повод честитка до нив упати и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Димитриевски им посака денови исполнети со добрина, единство, хармонија и меѓусебно разбирање.
– На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Посакувам во овие празнични денови да споделите радост, мир и благосостојба во вашите семејства и помеѓу пријателите. Овие денови нека ви бидат исполнети со добрина, единство, хармонија и меѓусебно разбирање, стои во честитката на Димитриевски.
Никола Ивановски

