Честитка на Градоначалникот на Општина Куманово по повод Илинден
On:
Сподели со своите пријатели
Почитувани граѓани на Општина Куманово,
Дозволете во свое име и во името на локалната самоуправа да Ви го честитам празникот 2-Август – Илинден – Денот на Републиката. Ден кога ги славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија,кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за сопствена држава, денес имаме можност да живееме во демократска и независна Република Македонија. Илинден прераснува во синоним на нашето постоење, и денес 114 години после Илинденското востание и 73 години по првото заседание на АСНОМ , можеме да кажеме дека секоја генерација македонци има своја борба. Нашата борба е да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности,со што сите заедно ќе да допринесеме во изградбата на една уште помодерна и просперитетна општина Куманово – стои во честитката на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.