Чесни сестри украле над половина милион долари за да се коцкаат и патуваат

Сподели со своите пријатели

Две католички чесни сестри од Калифорнија проневериле половина милион долари за патувања и коцкање во Лас Вегас, објавил нивниот ред.

Loading...

Сестрите Мери Маргарет Крупер и Лана Чанг, кои се најдобри пријателки, земале пари кои Католичката школа на Свети Јаков во Торанс, јужно од Лос Анџелес, ги добивала од школарина и донации.

– Знаеме дека оделе на патувања, знаеме дека посетувале коцкарници. Користеле и училишна сметка како лична, рекол школскиот адвокат на состанок со родителите и учениците, пренесуваат американските медиуми.

Надбискупијата на Лос Анџелес соопштила дека недостатокот во школските финансии е откриен во рутинска ревизија. Се претпоставува дека двете чесни сестри патувале и трошеле пари последните десет години.

Крупер била управител на училиштето 29 години, пред да замине во пензија. Чанг била учителка 20 години, исто така е во пензија од минатата година.

Нивниот ред, Конгрегацијата на сестри на Свети Јосиф, изразила жалење и најавила дека на училиштето ќе му бидат вратени парите.

Надбискупијата, според зборовите на портпаролот, планира да поднесе кривична пријава против чесните сестри.

Leave a Reply