Чешките граѓани собраа повеќе од 600.000 евра за генератори за Киев

Сподели со своите пријатели

Чешката иницијатива „Подарок за Путин“ собра околу 627.000 евра за купување генератори наменети за Киев, кој е погоден од руските напади врз енергетскиот сектор.

Основачот и раководител на иницијативата, Мартин Ондрачек, изјави дека кампањата за собирање средства SOS Киев започнала на 21 јануари навечер и дека веќе во првите часови е забележан силен одзив од граѓаните, објави Укринформ.

Во првите два часа се собрани речиси еден милион чешки круни, додека повеќе од 523.000 евра се собрани во рок од 24 часа.

Според најновите податоци, околу 10.130 донатори уплатиле вкупно 627.000 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денес прв состанок САД – Русија - Украина во Абу Даби

Организаторите не поставиле временска или финансиска цел, па затоа кампањата останува отворена.

Собраните средства ќе се префрлаат секојдневно на добротворната фондација „Серхиј Притула“ во Киев, која ќе ја купи опремата.

Ондрачек изјави дека целта е да се обезбеди брза помош преку купување помали преносни генератори за станбени згради, болници и училишта, како и резервни батерии и извори на светлина, пренесува Танјуг.

Паралелно со оваа акција, продолжува собирањето средства за набавка на беспилотни летала за украинските сили.

Од почетокот на војната, иницијативата „Подарок за Путин“ собира помош за Украина, главно за купување оружје, во соработка со Амбасадата на Украина во Прага, а досега обезбеди опрема во вредност од повеќе од една милијарда чешки круни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин подготвен да донира милијарда долари на Одборот за мир на Трамп, но од замрзнатите руски средства