Чешкото Министерство за одбрана одобри план за купување на 44 тенкови Leopard 2A8 од Германија по цена од 1,6 милијарди долари.
Loading...
Испораките се планирани за периодот од 2028 до 2031 година, а договорот предвидува можност за купување дополнителни 14 тенкови доколку Чешка обезбеди средства, објавува Bloomberg.
Оваа одлука е дел од планот за модернизација на вооружените сили, откако Чешка префрли значаен дел од воената опрема и оружје во Украина по избувнувањето на војната во таа земја.
Владата во Прага претходно оваа година одобри зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од БДП.