Чешка и следната година ќе испраќа полицајци во Македонија

Сподели со своите пријатели

Чешка и следната година ќе испраќа свои полицајци во Македонија, кои ќе им помагаат на македонските во обезбедување на границата со Грција, изјави денеска Јири Новачек, прв заменик-министер за внатрешни работи на Чешка, кој денеска во Скопје беше на средба СО министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Новачек истакна дека соработката меѓу двете министерства се интензивирала за време на мигрантската криза во 2015 година.

Чешка и помага на Македонија со експертска помош преку тимови кои работат на различни безбедносни прашања, а како што кажа Новачек, особено ги цени напорите на земјата да се зачлени во меѓународни организации, особено во Фронтекс, но и напорите во насока на исполнување на стандардите на Европската унија.

Спасовски и се заблагодари на Чешка за помошта што и ја пружа на Македонија во процесот на евроинтеграции, но и за помошта во текот на мигратнската криза.

Тој истакна дека Чешка и дава финансиска и материјално-техничка помош на земјава, но исто така и добро обучени чешки полициски службеници, заедно со македонските ја обезбедуваат границата со Грција.

На средбата двајцата соговорници разговарале за можноста за продлабочување на билатералната соработка.

Спасовски додаде дека Македонија во иднина ќе го искористи чешкото искуство во претпристапните фондови на ЕУ.

Извор: МИА

Loading...