Откако чешкиот министер за одбрана Јане Чернохова и полскиот министер Мариуш Блашчак решија да го бојкотираат состанокот на министрите за одбрана на Вишеградската група во Будимпешта во среда и четврток поради ставовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан по рускиот напад на Украина и неговата попустливост кон Русија.
– Нема да одам на состанокот на министрите за одбрана на В4 во Будимпешта. Отсекогаш сум го поддржувала V4 и многу ми е жал што руската нафта сега е поважна за унгарските политичари отколку украинската крв – објави Чернохова минатата недела.
Со што можел да биде отруен Абрамович? Сомневања за овие три опасни хемикалии!
Чешката министерка потсети дека оваа недела во Унгарија има парламентарни избори и дека одбива да учествува во изборната кампања на Орбан и неговата партија.
„Орбан е срам за европската политика“
На бојкотот на состанокот на министрите за одбрана во Будимпешта на седницата на полскиот Совет за национална безбедност се приклучи и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.
Озлогласена група руски платеници Вагнер распоредена во источна Украина
– Министерот во Советот за национална безбедност потврди дека нема да оди. И многу е добро што нема. Унгарија мора да биде казнета за нејзиниот проруски став. Кога умираат луѓе во Украина, Мариупол е толку многу бомбардиран, касетни бомби се фрлаат на други градови, а премиерот Орбан вели дека не го гледа тоа – тој е едноставно срам за европската политика и треба да биде исклучен од неа – рече Кшиштоф Гавковски од опозициската партија Левица.
Поради про-Путин ставовите на Орбан, кој беше важен сојузник на владејачката полска Партија на правото и правдата, контактите на полската влада со Будимпешта беа замрзнати, а последната средба беше во Лондон на 8 март, за време на разговорите на Вишеградската група со Британските власти, јавува врз основа на извори во владата на премиерот Матеуш Моравјецки, Газета Виборца.
„Според нас, Орбан ја води играта не само поради изборите, а неговиот однос кон Москва нема да се промени дури и ако победи. Затоа нема враќање во сојузот со Будимпешта“, изјавил за полскиот весник неименуван извор во владата.
Унгарскиот премиер и удри неочекувана дипломатска шлаканица на Варшава кога ја повика полската ултра-католичка организација Ордо Јурис да испрати набљудувачи на претстојните избори за да проверат дали изборите се фер и демократски, додека ја обвини набљудувачката мисија на ОБСЕ со која во моментов претседава .