Чешка: 750.000 кокошки ќе бидат уништени поради птичји грип

Сподели со своите пријатели

Чешките власти ќе уништат 750.000 кокошки на фарма, по најголемата епидемија на птичји грип досега, објави денеска Ројтерс.

Loading...

Птичјиот грип беше откриен минатата недела, на околу 150 километри западно од Прага, а властите во вторникот почнаа со подготовки за уништување на 220.000 кокошки.

Меѓутоа, чешката државна ветеринарна управа (СВС) денеска соопшти дека грипот се проширил низ фармата и дека е донесена одлука да се уништи целата живина од таа локација.

И покрај преземените мерки и други напори, не беше можно да се спречи ширењето на болеста, поради што ќе се исчисти целата фарма“, велат од СВС.

Вирусот може да се пренесе на луѓето преку контакт со живина, но експертите велат дека ризикот по здравјето на луѓето е низок.

Чешките власти побараа од фармите да ја задржат живината во затворени простории од ноември, но во последните недели има зголемување на бројот на случаи.