Чернобил: Има значително зголемување на радијацијата, се постигнуваат критични вредности

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Украинскиот еколошки центар (www.srp.ecocentre.kiev.ua), има значително зголемување на радиоактивното зрачење над Чернобил и нуклеарниот реактор 4, од денешните 3.200 на 65.500 nSV/h (наносиверти на час).

Црвените точки на картата покажуваат места со висока концентрација на радиоактивно зрачење.

 

 

Претходно денеска руските сили ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил и зеле работници како заложници.

– Во Чернобил се крева радиоактивна прашина како резултат на борбите на руската армија. Се повеќе станици покажуваат критични вредности, во реакторот се измерени 65.500 nSv/h – се наведува во објавата на Твитер.