ЧЕКОРЕЛ НИЗ ЦЕВКИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА: Студент крадел тестови за испит

Сподели со своите пријатели

Студент на Универзитетот Кентаки во Лексингтон е обвинет за провала откако се обидел да украде испитни тестови од кабинетот на професорот, откако минал низ цевки за вентилација.

Студентот Хенри Линч и неговиот соученик ги изненадил самиот професор кој останал да работи до доцна. Инцидентот се случил на 4 мај околу 2 часот по полноќ, рекол портпаролот на Универзитетот Џеј Блантон.

Портпаролот рекол дека 21-годишниот Линч, студен на биосистемско инжинерство, дошол до кабинетот на професрото чекорејќи низ цевката за вентилација, пренесува ВВС.

Потоа ги отворил вратата и двајцата започнале да ги бараат тестовите кога одеднаш се вратил професорот.

Линч признал дека ова не му е прв пат и дека од почетокот на семестарот успеал со истата метода да украде и други испитни тестови.

 

Loading...