Чех се прошета „како од мајка роден“ по улица, а другите како да не го забележуваат (видео)

Сподели со своите пријатели

Што ви е чудно на оваа снимка? Секако освен дека типот се шета гол? Но, обрнете внимание на уште нешто.

Овој неименувам 27-годишен Чех во полицијата објаснил дека е совршено нормално да одите околу голи и дека оние кои се чудни се облечените луѓе. Тој на себе имал само кондури, торба која висела преку задникот и можеби јакна, но закачена на торбата.

Алкометарот покажал дека човекот има 1,85 промили алкохол во крвта. Доколку го фатиле во возење тоа би се сметало за тежок прекршок и би се соочил со забрана за возење и парична казна. Полицијата со коли на итната помош го испратила на трезнење и во посета на психијатрија.

Но, она што е чудно е дека сограѓаните до кои поминуаше како да не го забележуваа. Никој не извади телефон да го фотографира или снима, никој не се сврте по него. Но, можеби тоа е чудно за нас Балканците.

 

Loading...