Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави на Телеграм дека Мариупол конечно паднал и дека целата територија се „чисти од украинските нацисти“.
Loading...
Тој објави видео од чеченските војници кои стојат пред запалена зграда и ја слават победата.
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук им се извини на жителите на Мариупол за неуспешните напори за евакуација од опколениот пристанишен град.
Во објава на Телеграм, таа рече дека од руска страна „сè е многу комплицирано, хаотично, бавно и, се разбира, нефер“.
Loading...
Украинските власти се обидуваа да ги евакуираат луѓето од Мариупол за време на конфликтот, а хуманитарните напори често беа прекинати поради недостаток на руска соработка, соопшти Украина.