Чавушоглу: Нема поддршка за членството на Шведска во НАТО без акција против ПКК

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Шведска дека Анкара нема да го поддржи нејзиното членство во НАТО алијансата доколку не преземе мерки против Курдистанската работничка партија /ПКК/, која е прогласена за терористичка организација во Турција.

Loading...

ПКК одржа митинг во Стокхолм каде беа упатени навреди кон турскиот претседател Таип Ердоган, а кукла во неговиот лик беше обесена за нозе на столб пред градското собрание.

„ПКК поставува мина за членство на Шведска во НАТО алијансата. е јасно. Шведска треба да направи избор“, изјави Чавушоглу за телевизијата ТРТ, пренесува ТАСС.

Тој повтори дека Анкара очекува Шведска да го почитува меморандумот за борба против терористичките организации, што е услов Турција да го одобри влезот на земјата во НАТО.

Тој документ беше потпишан во јуни минатата година на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.