Новите сателитски снимки објавени од приватната американска компанија за вселенска технологија „Maxar Technologies“ уште еднаш покажаа до кој степен руските сили ги оштетиле украинските градови.
Густ црн чад и оштетени згради се видливи на бројните сателитски снимки направени над Украина.
Снимката го покажува руското бомбардирање на украинските градови Чернихив, Ирпин и Талакивка.
Во меѓувреме, украинската армија тврди дека го ослободила Макарив, град на околу 50 километри од Киев и дека руските сили се повлекле од него, јавува Си-Ен-Ен, кој не може самостојно да ги потврди овие наводи.
– По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата во Макарив, град на 50 километри западно од Киев – објавија денеска вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук.
Според соопштението во кое Си-Ен-Ен наведува дека не успеал самостојно да го провери, „државното знаме на Украина било подигнато над градот Макариво, додека Русите се повлекувале од него“.