Централна Европа се подготвува за прифаќање бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Земјите од Централна Европа се подготвуваат да примат бегалци од Украина во четврток по започнувањето на руските воени акции, а додека Полска формира пунктови за прием, Унгарија планира да испрати војска за да обезбеди коридор за бегалците, пренесува Хина.

Loading...

Поранешните членки на Варшавскиот пакт и сегашните членки на НАТО Полска, Унгарија, Словачка и Романија делат копнена граница со Украина, земја со 44 милиони жители.

„Пунктовите за прием на бегалците од Украина ќе бидат отворени во следните неколку часа“, изјави полскиот заменик министер за внатрешни работи Павел Шефернакер.

Во првата фаза ќе бидат отворени осум пунктови со храна, медицинска помош и информации за евентуални бегалци.

Испраќање војници на границата со Украина

Унгарија најави испраќање на неодреден број војници во пограничната област со Украина од безбедносни и хуманитарни причини.

Засега, јавува Ројтерс, ситуацијата на граничниот премин Захони е мирна, со вообичаена слика на камиони кои чекаат да влезат во Унгарија од Украина.

Министерот за одбрана Тибор Бенко рече дека Унгарија мора да се подготви да прими десетици илјади бегалци.

Loading...

Словачките железници го прекинаа сообраќајот кон Украина, а владата најави дека „Словачка е подготвена да помогне“ и да прифати луѓе кои ја немаат целата потребна документација.

Не треба да се исклучи бегалскиот бран

Украинскиот амбасадор во Прага Перебијнис Јевхен рече дека не ја исклучува можноста за бран на бегалци, туку „повеќе кон западниот дел на Украина отколку кон странство“.

Финска е подготвена да прими бегалци од Украина, изјави во четвртокот финската премиерка Сана Марин.

Марин оценува дека може да се очекува голем број бегалци од Украина да се обидат да побегнат во Европската унија.

„(финското) Министерство за внатрешни работи се подготвува да прими бегалци од Украина“, изјави таа за новинарите во Хелсинки.