Центарот за вработување Куманово додели сертификати за успешно завршена обука

Сподели со своите пријатели

Центарот за вработување во Куманово денеска додели сертификати за успешно завршена обука како дел од мерката „Обука за побарувани занимања“.

Loading...

Триесетина невработени лица кои беа дел од обуката добија сертификати за службеник за сметководство, за оператор за компјутерски системи и мрежи, фризер и дигитален маркетер.

– Вкупно обука за службеник за сметководство завршија 10 невработени лица, се стекнаа со сертификат што ќе им помогне побрзо да се интегрираат на пазарот на труд, обука за фризер завршија пет невработнеи лица, дигитален маркетер шест невработени и оператор за компјутерски системи и мрежи шест невработени исто така се стекнаа со сертификат за оваа занимање, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Табановце спречен шверц на илјадници монети со археолошка вредност

 

 

Сертификатите им ги доделија спроведувачите на обука кои учествуваа во мерката „Обука за побарувани занимања“.

– Пет кандидати беа од категорија до 29 години, а едно лице од подолг период на невработеност. Ова занимање посебно стана привлечно последните години како што се отворија ИТ компании во нашата држава, новите поголеми компании во индустриски зони и имаат потреба од кадар оператор за компјутерски системи и мрежи за кој што ние во едукативниот центар Е-нет бевме провајдер во овој повик, изјави професорот Марјан Спасиќ.

Loading...

 

 

Обуката е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување финансиран од ЕУ преку ИПА 2 четврти директен грант.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

Никола Ивановски