Централното градско подарчје во Куманово од петок до раните утрински часови во недела ќе биде со изменет сообраќаен режим и ограничен проток на возила, поради прославата на 500-годишнината од формирањето на градот.
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, сцената ќе биде на улицата „Гоце Делчев“ и истата освен за трите концерти ќе се користи и за други дневни активности во рамките на програмата.
– Во делот на одбележувањето што се случува три дена, кога ќе се одржуваат мега концертите на градскиот плоштад, да најавам дека дел од улицата „Гоце Делчев„ поради поставување на бина од технички причини ќе биде со ограничен проток на сообраќај, односно во тој дел на улицата нема да биде дозволено движење на моторни возила, се со цел да се овозможи поголем број на граѓани да ги проследат овие настани а воедно бината која ќе биде поставена ќе се користи за одржување и на други дневни активности поврзани со денот на градот, како што е градската кружна трка, изјави градоначалникот Димитриевски.
Инаку, со одржувањето на Уличната ноќна атлетската грка во недела се од 18:30 паралелно ќе има мал застој во сообраќајот и на други крстосници во градот, а во понеделник околу Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово, каде ќе присуствуваат бројни домашни и странски делегации.
На сите настани се очекува и присуство на дел од највисокиот државен врв.