Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека цените на златото и на пченицата го продолжија вчерашниот раст.
Франкфуртската берза DAX денеска во 10:15 часот падна на 16.610,55 поени, исто како и францускиот CAC 40 – на 7.424,18 поени, лондонски FTSE 100 – на 7.491,13 поени и московскиот MOEX – на 3.057 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 36.054,43 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.549,34 поени и вредноста на индексот Nasdaq – на 14.146,71 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 69,921 долари за барел, а на нафтата од типот брент на 75,154 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39.200 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.034,03 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а пченицата исто така порасна на 6,2279 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07781, што е приближно исто како и вчера.