Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

Сподели со своите пријатели

На светските берзи цените на нафтата паднаа за повеќе од три отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат од слабеење на побарувачката бидејќи централните банки ги зголемуваат каматните стапки за да го забават економскиот раст и да ја ограничат инфлацијата.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 3,5 отсто – на 82,78 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,7 отсто – на 76,68 долари, пренесува Хина.

По растот од претходната недела, цените на нафтата беа под притисок во изминатите седум дена бидејќи се појасно е дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки повеќе од очекуваното поради сѐ уште покачената инфлација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку шестмина убиени во пукотница во Бангкок

Тоа значи дека побарувачката за нафта ќе ослаби бидејќи ќе се забави растот на најголемата светска економија и најголемиот потрошувач на нафта во светот.

Тие загрижености беа предизвикани од претседателот на ФЕД, Џером Пауел, кој предупреди дека каматните стапки може да се зголемат повеќе и со побрзо темпо од очекуваното.

Продолжено зголемување на каматните стапки

Имајќи предвид дека инфлацијата е сè уште висока во другите западни економии, се очекува дека централните банки на тие земји, главно европските, ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

Цените се поддржани од проценката дека побарувачката од Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, ќе се зголеми, бидејќи се очекува тамошната економија да закрепне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов колапс на авијацијата во Русија: Аерофлот почна масовно да одложува и откажува летови

Увозот на нафта во Кина во првите два месеци од оваа година падна за 1,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, но забрзаниот увоз во февруари укажува на закрепнување на побарувачката по укинувањето на строгите мерки за Ковид-19.

Loading...

Цените на нафтата во последните месеци се движат во релативно тесен опсег, додека во однос на почетокот на годината моментално се во минус.