Цената на нафтата од утрово нагло расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден.
Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа ниво под 100 долари.
Исчезнал пред 10 години, а неговото тело сега е пронајдено во замрзнувач во лондонски паб
Претходно, барел вредеше 130 долари, но оваа максимална вредност траеше еден ден.
Ваквото движење на пораст на цените следуваат и по информациите дека оваа недела ќе следат серија самити меѓу владите на Европската унија и американскиот претседател Џо Бајден со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва за нападот врз Украина, со ЕУ размислува дали да воведе забрана за увоз на нафта од Русија.
Нафтата може да биде три пати поскапа
Цената на нафтата може да порасне до 300 долари за барел во случај на забрана за испораки од Русија, што е неверојатно сценарио, изјави вчера рускиот вицепремиер Александар Новак.
Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот
– Во случај на одбивање на нашите испораки, велам дека цената на нафтата ќе биде 300 долари за барел, додека некои велат 500 долари – изјави Новак, пренесува Тас с.
Според него, Европа не може целосно да се откаже од увозот на руски јаглеводороди бидејќи во овој момент е невозможно да се компензира руската нафта.
Новак рече и дека „доколку нема друго решение, Русија ќе ги диверзифицира испораките на азискиот пазар, кој бележи натпросечен раст“.
Тој додаде дека руската влада наредила да се разгледа промената на сегашната извозна давачка за нафта како дел од фискалниот маневар.
Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот
– Веќе побарав да се направи преглед на моменталната ситуација, да се видат сите добри и лоши страни дали треба да го промениме или задржиме сегашното ниво на извозни давачки за нафтата. Пристапот треба да биде многу избалансиран. Може да има загуби во буџетот – изјави Новак.