Цените на нафтата пораснаа шеста недела по ред: Најголем пораст од април!

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата пораснаа минатата недела шеста последователна недела откако најголемите светски производители Саудиска Арабија и Русија одлучија да продолжат да го ограничуваат своето производство во септември, што ја зголеми загриженоста за глобалната понуда.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,4 отсто, на 86,24 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,8 отсто, на 82,82 долари.

На двата пазари цените на барелот се највисоки од средината на април годинава.

Саудиска Арабија го продолжи доброволното намалување на производството на нафта од 1 милион барели дневно до крајот на септември, оставајќи ја вратата отворена за уште едно такво продолжување по септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парагвајскиот претседател хоспитализиран за време на учеството на самитот на Г20

Русија, исто така, одлучи да го намали извозот на нафта за 300.000 барели дневно следниот месец.

„Со континуираното намалување на производството, предвидуваме пазарен дефицит од повеќе од 1,5 милиони барели дневно (bpd) во септември, по проценетиот дефицит од околу 2 милиони барели дневно во јули и август“, велат аналитичарите на UBS во белешката до клиентите.

Што се однесува до побарувачката, според зборовите на рускиот вицепремиер Александар Новак по состанокот на министерскиот панел на групата ОПЕК +, односно Организацијата на земји извознички на нафта и сојузници, глобалната потрошувачка на нафта може да се зголеми за 2,4 милиони барели дневно оваа година.

Состанокот не доведе до промени во производствената политика на тој нафтен картел, но беше најавено дека доколку има некакви нарушувања на пазарот, тие се подготвени веднаш да реагираат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Радмила Шекеринска назначена за втор човек на НАТО

Во меѓувреме, официјалните податоци на САД покажаа дека залихите на сурова нафта во САД паднале на рекордни 17 милиони барели минатата недела, бидејќи извозот на сурова нафта и преработката во рафинериите се зголемија во екот на летната сезона на патувања, поддржувајќи ги и повисоките цени на нафтата.

Затоа UBS очекува цените на Брент да се движат од 85 до 90 долари за барел во наредните месеци.