Цените на нафтата паѓаат поради можноста за глобална инфлација

Сподели со своите пријатели

Пазарните „играчи“ неделава ја следат монетарната политика на неколку големи банки за да добијат увид во инфлацијата.

Loading...

Цените на нафтата паднаа откако неодамнешните глобални макроекономски податоци ја зголемија загриженоста за инфлацијата во големите економии и ја намалија побарувачката.

Меѓународниот репер сурова нафта „брент“ во вторникот падна за 0,55 до 73,12 долари за барел, од 73,53 долари на затворањето на претходната сесија.

Американскиот репер West Texas Intermediate исто така падна за 0,66 отсто на 69,70 долари за барел, во споредба со 70,17 долари на крајот од претходната сесија.

Двете референтни вредности паднаа поради постојаните неизвесности околу планот на Американската централна банка (ФЕД) за 2025 година, како и поради макроекономските податоци кои укажуваат на забавување на економскиот раст на земјата.

Индексот на производството објавен од канцеларијата на ФЕД во Њујорк во понеделникот беше под пазарните очекувања на 0,2 во декември.

Индексот на менаџери за набавки во производството (PMI) исто така ги пропушти прогнозите, паѓајќи за 1,4 поени во месецот на 48,3 во декември.

Аналитичарите, посочуваат, внимателно ќе ги следат одлуките за монетарната политика од изјавите на ФЕД и претседателот на ФЕД Џером Пауел по состанокот во среда.

Loading...

Исто така, економските податоци од Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, ја зголемија загриженоста дека побарувачката за нафта во земјата ќе се намали.

Клучните показатели за ноември во Кина покажаа слаба потрошувачка.

Аналитичарите рекоа дека загриженоста за рецесија во еврозоната продолжи да влијае на цените на суровините со континуирана слабост, особено во производството, што претставува голем ризик.

Во четврток Банката на Јапонија ќе ја објави одлуката за каматните стапки, што ќе овозможи дополнителен увид во идната монетарна политика на банката. Се очекува банката да продолжи со ставот за затегнување на монетарната политика.

Порастот на американскиот долар во однос на другите валути помогна и за намалување на цената на нафтата.

Индексот на американскиот долар во вторникот се зголеми за 0,14 отсто на 106.700.

Силниот долар се очекува да ја намали побарувачката со тоа што ќе ја поскапи нафтата за корисниците на девизи.

Индексот на доларот е на највисоко ниво во последните две години.

Loading...