Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО) објави дека меѓународните цени на храната би можеле да пораснат за меѓу осум и 20 отсто, поради војната меѓу Русија и Украина.
Според првичната проценка, УНФАО соопшти дека е нејасно дали Украина ќе може да собира жетва за време на потенцијално долготрајниот конфликт.
Има неизвесност околу извозот на руска храна, пренесува Бизнисфо.
Се проценува дека 20 до 30 отсто од обичните култури нема да бидат засадени или нема да се соберат.
УНФАО истакна дека Русија е најголемиот извозник во светот, додека Украина е петта.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Заедно, тие обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 отсто пченица и четири отсто пченка, што е повеќе од една третина од светскиот извоз на жито.