Цената на нафтата продолжи да расте

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата денеска продолжија да растат, бидејќи американската забрана за увоз на руска енергија и планот на Велика Британија постепено да го укине тој увоз од Русија до крајот на годината, ја зголемија загриженоста дека глобалното снабдување ќе биде значително помало.

Loading...

Европската нафта „брент“ за испорака во наредните месеци (фјучерс договори) поскапе за 2,17 долари или 1,7 отсто, на 130,15 долари за барел во синоќешната азиска трговија, по скок од 3,9 отсто претходниот ден, пренесува Ројтерс.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Американската сурова нафта VTI зајакна за 1,57 долари, или 1,3 отсто, на 125,27 долари за барел, продолжувајќи го својот раст од вторникот кога порасна за 3,6 отсто.

Вчера американскиот претседател Џо Бајден воведе итна забрана за увоз на руска нафта и други енергетски извори, а Британија најави дека постепено ќе го укине увозот на „црното злато“ од Русија до крајот на 2022 година.

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 30 отсто откако Русија, вториот по големина светски извозник на суровина, започна напад врз Украина.

Loading...

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Стравот од натамошни прекини во снабдувањето со нафта поради ескалацијата на санкциите против Москва ги поттикна купувањата, велат аналитичарите.

Сепак, оценуваат дека наскоро ќе се забави шпекулативните набавки, бидејќи земјите од северната хемисфера влегуваат во пролет кога се намалува побарувачката на гориво.

Цените на нафтата во понеделникот се искачија на највисокото ниво од јули 2008 година, при што Брент достигна 139,13 долари за барел, а ВТИ 130,50 долари.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

Loading...

 

За тоа придонесоа и предвидувањата дека иранската сурова нафта има мали шанси да се врати на глобалниот пазар во блиска иднина, бидејќи преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и светските сили се забавија.

Аналитичарите на консултантската фирма Ристад Енерџи со седиште во Осло процениле вчера дека светските цени на нафтата би можеле да пораснат до 200 долари за барел доколку Европа и САД го забранат увозот на руска нафта.

Цените на загреаната нафта, кои се на највисоко ниво во последните 14 години, би можеле да влијаат на падот на побарувачката на гориво, бидејќи потрошувачите реагираат на повисоките цени на горивата на бензинските пумпи и високите сметки за струја со намалување на потрошувачката и патувањето, предупредија во понеделник врвни енергетски експерти.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Залихите на сурова нафта во САД пораснаа за 2,8 милиони барели во неделата што заврши на 4 март, додека залихите на бензин и дестилати паднаа, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта.

Loading...