Во последната недела од јуни цените на нафтата останаа речиси непроменети. Цените сепак пораснаа за 6 отсто на месечно ниво.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела остана речиси непроменета, на 85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,2 отсто, на 81,54 долари.
Но, благодарение на растот во претходните две недели, во цел јуни цената на нафтата порасна за околу 6 отсто.
Минатата недела цените на нафтата флуктуираа во зависност од вестите кои можат да влијаат на понудата и побарувачката.
Пазарите во средата беа изненадени од извештајот за зголемените залихи во САД на почетокот на летната сезона на патувања.
Залихите на нафта минатата недела се зголемени за 3,6 милиони барели, а залихите на бензин исто така се зголемени за 2,7 милиони барели, соопшти Министерството за енергетика.