Цената на нафтата падна на најниско ниво од март

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата продолжија да паѓаат денеска, бидејќи инвеститорите се фокусираа на можното големо зголемување на референтните каматни стапки во САД кон крајот на овој месец, што може да ја намали инфлацијата, но и да влијае на побарувачката на нафта.

Loading...

Меѓународниот репер сурова нафта „брент“ се тргуваше за 97,68 долари за барел во 14:38 часот по ET, што е пад од 1,98 отсто од затворањето на претходната сесија, според oilprice.com, кој ги следи трендовите на цените во реално време.

Во исто време, американската сурова нафта WTI денеска падна за 2,09 отсто на 94,29 долари за барел, откако во средата се затвори на тргување со 96,3 долари за барел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кралот Чарлс стана самоански висок поглавар, му служеја наркотична кава-кава

Цените на двата вида нафта се на најниско ниво од март годинава, бидејќи изгледите за намалување на побарувачката на нафта во период на висока инфлација предизвика загриженост на пазарот.

Инвеститорите сега предвидуваат дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки за дури еден процент подоцна овој месец.