Цената на нафтата падна на 108 долари

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари до 108 долари во пресрет на новата рунда преговори меѓу Украина и Русија за ставање крај на конфликтот, што се совпадна со загриженоста на инвеститорите за побарувачката од Кина поради новиот бран на коронавирус.

Loading...

Цените растат од минатата година

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше пониска за 4,62 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 108,05 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 5,45 долари пониски, по 103,88 долари.

 

Во Романија пронајдено беспилотно летало, започната истрага

 

Цените на нафтата растат од минатата година, поттикнати од силното закрепнување на побарувачката од кризата со коронавирусот и главно стабилното производство од водечките извозници. Силен поттик беа и санкциите против Русија за напад на Украина.

Санкциите им го отежнаа плаќањето на банките, а руските производители тешко наоѓаат транспорт, бидејќи логистичките и трговските компании стравуваат од санкции.

Loading...

САД воведоа ембарго на руската нафта, но тоа не ги вознемири премногу пазарите поради малиот удел во увозот на енергија од САД.

 

Подољак: Утре продолжуваат преговорите, направена е техничка пауза

 

Производството на нафта и гас во Русија се зголеми

На почетокот на неделата вниманието на пазарот беше насочено кон нова рунда украинско-руски преговори.

Преговарачите ќе разговараат преку видео-врска, а по разговорите во текот на викендот беа оптимисти, сугерирајќи дека позитивни резултати може да се покажат за неколку дена, наведува Ројтерс.

Производството на нафта и гасен кондензат во Русија се зголеми на 11,12 милиони барели дневно (БПД) во март, изјавија два извори за Ројтерс, и покрај санкциите за руската нафта.

Loading...

Русија е најголемиот светски извозник на сурова нафта и нафтени деривати заедно и испорачува околу седум милиони барели дневно, што е еквивалентно на седум отсто од светската понуда, наведува Ројтерс.