Цената на гасот во Европа скокна за 30 отсто утринава

Сподели со своите пријатели

Цената на гасот во Европа утрово порасна за 35%, надминувајќи го нивото од 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Loading...

Гасот за испорака во март е договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри, што е 120 евра за мегават час, пренесува Тас с.

Во исто време, Ројтерс јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен, а засега не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со ситуацијата во Украина, каде Русија започна со специјална воена операција..

Украина е втората голема транзитна рута за извоз на руски гас во Европа, додава британската агенција, наведувајќи дека руската државна гасна компанија Газпром го одбила барањето за коментар.