Целосно уништена урбаната опрема на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Клупи, лулашки, играчки, канделабри, стативи, ништо не остана од урбаната опрема поставена на Спомен Костурницата во Куманово откако несовесни граѓани уништиле се што можело да се уништи.

Loading...

 

 

Со ваква реакција проследена со фотографии во јавноста излезе советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово Елена Доцевска Божиновска, која револтирано прашува дали вреди да се вложуваат средства, ако исходот постојано е ваков?

 

 

Loading...

– Неопходно е да се стави крај и изнајде соодветно решение за вандализмот во Куманово. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на неделава ќе иницира состанок со сите надлежни и ќе инсистира на заложба за изнаоѓање на решение, напиша советничката Доцевска – Божиновска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

 

 

Во својата објава таа потенцира и дека во годишниот извештај на полициската станица немало ниту еден регистриран случај за оштетување на урбана опрема.

 

 

Loading...

Упати и повик до ЈП „Куманово Паркинг“ да ги отстрани оштетените стативи од игралиштата кои можат да бидат сериозна опасност за младите.

 

 

Инаку урбаната опрема беше поставена на Спомен Костурница пред две години и оттогаш е постојано мета на уништувања од вандали.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...