Целосна реконструкција на Соколана, Спортската сала и Спомен Костурница, најавува Спасовски

Сподели со своите пријатели

Носителот на листата кандидати за пратеници од СДСМ во Изборна единица два, Оливер Спасовски, вчеравечер при гостување на локалната Телевизија „Плус“ најави дека во следниот мандат ќе се бори за реконструкција на Соколана, градската Спортска сала во Куманово и Спомен Костурница.

Loading...

Како што посочи во своето гостување во емисијата „Став“, одредени активности во Соколана се веќе започнати преку Агенцијата за млади и спорт.

– Да ја реконструираме Спортската сала, затоа што Куманово како еден спортски град со спортски дух, извонредна публика за бодрење и навивање на нашите клубови, да ја реконструираме и целиот тој комплекс околу спортската сала и градскиот базен да добие добар изглед и да добие на една повисока вредност, рече Спасовски.

Спасовски најави и дека еден од проектите за кои силно ќе се бори во следниот период е целосна реконструкција на Спомен Костурница.

– Секако еден од проектите за кои сакам да се борам во наредниот период ќе биде целосна реконструкција на Спомен Костурница, затоа што сметам дека Куманово како град кој што беше носител на борбата против фашистите, град кој ги негува до денеска традициите на антифашизмот, тоа треба да го има, да го добие и таа поддршка од државата нема да изостане во наредниот период, појасни Спасовски.

 

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/285464042650964/

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply