Цело село останувало без интернет: Сите биле шокирани кога сфатиле што го попречува сигналот!

Сподели со своите пријатели

Како аларм, секое утро во 7 часот едно село во Велс ја губело интернет-врската.

Loading...

Оваа мистерија во Аберхосан траела 18 месеци, и никој не знаел зошто, до сега!

По бројните поправки и замена на кабелот за да се реши овој проблем, истрагата спроведена од техничари од Опенреч открила дека еден жител на ова село целосно несвесно го попречувал сигналот.

Имено, неговата телевизија емитувала сигнал што го попречува целиот мрежен сигнал на инфраструктурата, пренесува Би-Би-Си.

Шокирани од постојаното губење на врската, техничарите утврдиле со следење каде е изворот на попречувањето. Резултатот ги довел до жител на тоа село кој се срамел што несвесно се мешал во работата на интернет во целото село, а во исто време тој ветил дека нема да го користи тој уред.

Се испоставило дека тој го вклучувал стариот телевизор секое утро во 7 часот наутро, што го оставало целото село без интернет.

Потребни биле 18 месеци и голем број техничари да го пронајдат „електричниот звук“ што го предизвикувал проблемот.

„Нашиот уред собра голем напон на електрично попречување во нашето село. Се покажа дека секое утро жител на ова село го вклучувал својот застарен телевизор во 7 наутро, што го оставало целото село без сигнал!“ – рече инженерот Мајкл Џонс.

Loading...

Сузана Радерфорд, главен инженер на Опенрајч, апелираше до нејзините сограѓани:

„Ја советуваме јавноста да провери дали нивните електронски уреди се соодветно сертифицирани и ги исполнуваат сегашните стандарди!

Leave a Reply