Целиот свет ја осудува поради фотографиите од нејзината ќерка: „Мојата ќерка (3) веќе заработи за куќа“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Инфлуенсер стана најпрофитабилната професија на денешницата, но инфлуенсерите на деца, а особено нивните родители, продолжуваат да се соочуваат со остра осуда и критика за злоупотреба на своите деца за профит.

Loading...

Оваа мајка вели дека ја запознала својата ќерка со светот на инфлуенсерството кога имала шест месеци …

Елис Приор од Беркшир има три години и нејзината мајка Софи Хоу (28) гордо истакнува дека е меѓу најмладите и најуспешните модни инфлуенсерки.

 

 

 

– Благодарение на нејзината кариера, таа веќе заработи доволно за депозит за куќата – вели Софи.

Loading...

Елис веќе работи опширно со голем број брендови во кампањите за облека за нивните деца.

– Нејзината гардероба вреди околу 2.000 фунти, што е доволно кога ќе се земе предвид дека има само три години – вели Софи.

– Луѓето ме осудуваат што заработувам преку неа, но јас повеќето пари ги ставам на посебна сметка и таа ќе ги добие парите кога ќе порасне – вели таа.

 

 

 

Софи вели дека Елис била „убава“ како бебе, па сакала да ги сподели своите слики со сите. Така, таа отворила Инстаграм за неа практично веднаш по раѓањето.

Loading...

– Како што растеше, таа добиваше се повеќе егзотичен изглед и се повеќе луѓе ја следеа. Се повеќе луѓе прашуваа каде и купивме облека. Со текот на времето, почнавме да работиме со брендови, вели таа.

– Многумина ме осудуваат, но мислам дека манекенството е редовна работа која се исплатува многу. Така ја обезбедуваме нејзината иднина. Ниту нам не ни е лесно – постојано сме на пат, постојано ја носиме на снимање и мора да се осигураме дека е добро расположена и подготвена за соработка – вели таа.