Цели генерации на ова семејство се раѓаат со деформитет што ги прави уникатни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Момчиња од индиското семејство Саркер од областа Раишахи, во северен Бангладеш, се родиле со една чудна деформација бидејќи немаат отпечатоци од прсти! Некој би помислил дека тоа е предност, а некој мана, но факт е дека ова семејство се соочува со многу пречки во животот поради исклучително ретка генетска состојба наречена адерматоглифија.

Loading...

Имено, неколку генерации мажи од семејството Саркер се радиле со целосно мазни врвови на прстите, што го оневозможува оставањето отпечатоци, односно немаат отпечатоци од прсти, што е основно средство за идентификација во системот за биометриска технологија.

Некои од последиците од нивната чудна вроденост се такви што не можат да добијат возачка дозвола, а најмногу избегнуваат да патуваат затоа што се плашат да не бидат контролирани на аеродромот.

 

 

„Ја платив таксата, го положив испитот, но тие не ми издадоа лиценца затоа што не можев да дадам отпечаток од прст“, изјавил неодамна Амал Саркер за Би-Би-Си. „Ова беше многу непријатно искуство за мене“.

Амал додаде дека секогаш со себе носи потврда за возачка дозвола кога вози мотор, но тоа не му помогнало кога полицијата ќе го запрела. Им ги покажувал возачката дозвола и мазните прсти, но на крајот секогаш му пишувале парична казна.

Loading...

Друг проблем за ова семејство е купувањето СИМ картичка, бидејќи владата на Бангладеш вовела закон со кој се усвојува купување СИМ картичка со давање и споредување на отпечаток од прст со национална база на податоци. Без отпечатоци од прсти, Апу и Амал Саркер не можеле да добијат свои СИМ-картички, па затоа користат картички што се водат на нивната мајка.

Оваа болест е релативно нова и се знае само од 2007 година, кога Питер Итин, швајцарски дерматолог, открил млада Швајцарка, која имала проблеми со влегувањето во САД, бидејќи немала отпечатоци од прсти. Лицето и одговарало на пасошот, но врвовите на прстите биле совршено мазни, па не можела да остави трага.

 

 

Испитувањето на отпечатоците од прсти кај оваа прва пациентка со адерматоглифија и отпечатоците од прсти на неколку членови на нејзиното семејство ја насочиле причината за состојбата кон мутација на генот познат како SMARCAD1. Состојбата, која стана позната како „болест на одложување на имиграцијата“, се чини дека не создава други здравствени проблеми, освен целосен недостаток на отпечатоци од прсти.

Оваа генетска состојба е исклучително ретка и досега е забележана само во неколку семејства ширум светот. Дерматологот Ели Спречер, кој му помогнал на професорот Питер Итин да ја дијагностицира состојбата, понудил да се тестираат генетски мажи од семејството Саркер и да се утврди дали страдаат од форма на адерматоглифија.

Сепак, ова семејство нашло принудно решение за справување во современиот свет, па таквата напредна технологија им овозможила да добијат паметна картичка со скенирање на мрежницата.

Loading...